На Економскиот факултет на УКИМ денеска ќе се одржи презентација на инструментот и критериумите и условите за аплицирање во рамки на новиот повик на Фондот за иновации и технолошки развој од еден милион евра финансиска поддршка на новоосновани „стартап“ и „спиноф“ компании.

Во фокусот на оваа програма поддржана од Светската банка се младите, а целта е поттикнување на иновативноста преку истражување и развој на нови бизниси.

На настанот ќе бидат присутни претставници од ФИТР, Светска Банка и Економскиот факултет, а превидена е и дискусија со студенти.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2018 13:47