Воени претставници на Јужна и Северна Кореја денеска се сретнаа со командата на Обединети нации предводена од САД, при што разговараа за напорите за разоружување на граничното подрачје помеѓу двете земји.

Состанокот се одржува во селото Панмунџом, кое според Договорот, исто така треба да се демилитаризира.

Договорот за разоружување предвидува отстранување на мините од околината на селото пред да се повлечат гардистите од зоната. Предвидено е поставување на 35 невооружени гардисти од двете страни на границата.

Денешната трилатерална средба е втора во рок од една недела.

Претставниците на Јужна и на Северна Кореја имаа одделна средба во неодамна формираната Канцеларија за врски во Коасонг на севернокорејскиот граничен премин, при што разговараа за соработка во шумарството.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2018 13:56