Медиумите уште не престануваат да пишуваат за самоуништувањето на сликата на Бенски „Девојката со балонот“, која беше продадена за 1.4 милиони фунти. Целиот свет остана во шок, некои се воодушевуваа, некои осудуваа, но едно е сигурно – сите зборуваат.
Угледниот „Вашингтон Пост“ напиша дека се работи за една од најдобрите шеги во последните години, но малкумина всушност знаат дека ова е само последната во низата и оти Бенкси веќе имал вакви „излети“. Уметникот кој почитта и воодушевувањето ги заслужи со тоа што преку својата работа без филтери ги прозива општествените аномалии, уште еднаш успеа да го исмее светот на уметноста, правилата и традиционалните верувања.
– Потребата да се уништи исто така е креативна потреба, рече одамна Пикасо, а Бенкси го искористи како оправдание. Без разлика дали го сакаме или не, мораме да признаеме едно, харизмата и работата на овој одличен уметник се непобитни. Во продолжение ви претствуваме пет најпознати „шеги“ на Бенкси.