Автомобилската компанија Фиат Крајслер Автомобили (ФЦА) соопшти дека ја продава својата фабрика за автомобили, Мањети Марели. Таа се продава на јапонскиот производител на делови за автомобили „Калсони Кансеји“ за седум милијарди долари.

Според ФЦА, ова ќе биде седмиот по големина светски производител на авто делови со поголем географски опсег, обем и финансиска моќ, а кој исто така ќе има вкупно 200 погони во Европа, Јапонија, Јужна и Северна Америка и Азиско-Пацифичкио регион,

Во соопштението се додава дека новиот ентитет ќе се вика Мањети Марели ЦК Холдингс. Продажбата на оваа филијала долго време беше планирана во рамките на стратегијата на поранешниот извршен директор на ФЦА, Серџо Маркони.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2018 15:59