Во Германија минатата година се украдени помалку автомобили од претходната, но, штетата е поголема, бидејќи воглавно се крадат луксузни автомобили, соопшти денеска Сојузот на германските осигурителни компании (ГДВ).
-Бројот на украдени автомобили е 17. 493, четири отсто помалку отколку 2016 година, но штетата порасна за осум проценти, така што за изминатата година изнесува 324 милиони евра, стои во соопштението,
Статистиката се однесува на автомобилите, кои се осигурени од кражба. Просечната исплата на отштета, исто така, достигна рекорден износ, а исплатени се 18.500 евра. На врвот на листата на најчесто украдени автомобили се наоѓаат воглавно скапи теренски возила, а на прво место, со 15,3 украдени автомобили на 1000 регистрирани возила од тој тип, се наоѓа Ауди Ку7 3.0 ТДИ, зад кој следи Мерцедес МЛ 63 АМГ, па теренското возило на Мазда Цx-5 2.2 д.
Опасноста дека автомобилот ќе биде украден е најголема во Берлин, а најмала во Баварија и Баден-Виртемберг.