Руската православна црква (РПЦ) се надева дека Вселенската патријаршија во Цариград ќе ги сфати последиците од своите дела во Украина и оти ќе започне со дијалог, изјави портпаролот на РПЦ Алексанадар Волков.

-Патот, кој го избра Цариград, може да има ужасни резултати по глобалното христијанство и по верниците во Украина. Меѓутоа, оваа ужасна ситуација може многу брзо да се реши ако Цариград се одлучи за дијалог, вели Волков.

Според него, РПЦ ќе ја задржи својата позиција, а дијалогот може да почне само кога Вселенаската патријаршија ќе ја сфати својата грешка и ќе се извини за сите дела со кои веќе му нанесе значителна штета на православието.

Вселенската патријаршија претходно изјави дека ќе ја поддржи автокефалноста на Украинската православна црква, на што Руската православна црква се противи.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2018 17:26