Новоформираниот ураган „Виља“, прерасна во „потенцијално катастрофална“ бура од петта категорија и се движи кон брегот на Мексико, јужно од Масатлан, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

„Виља“ со себе носи ветар со брзина од 260 км/час иако се претпоставува дека ќе ослабне пред утре да го погоди копното.

Уранагот е на 215 км југозападно од Кабо Кориентес, и се движи кон северниот дел со брзина од 11 км/час.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2018 18:44