Турција очекува САД да ги укинат наложените санкции по ослободувањето на американскиот пастор Ендрју Брансон, изјави денеска Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Односите меѓу Турција и САД се влошија по серијата несогласувања, вклучувајќи го и апсењето на Брансон, по што Вашингтон воведе санкции и царини на Турција. Американските мерки предизвикаа валутна криза, која доведе до девалвација на турската лира од над 40 проценти оваа година.
Американскиот свештеник беше ослободен на 12 октомври, откако две години мина во затвор и во домашен притвор. Турција го осуди за тероризам, но Брансон тврди дека е невин.