Саудиска Арабија ќе ги повика на одговорност сите инволвирани во убиството на новинарот Џамал Кашоги и тие кои не ги исполниле своите обврски, кој и да се, соопшти денеска Владата на Саудиска Арабија по седницата со која претседаваше кралот Салман.

Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“ 59-годишниот Кашоги исчезна на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

По повеќедневно демантирање, официјален Ријад во петокот призна дека Кашоги е убиен во Конзулатот во непланирана „караница и тепачка“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2018 18:15