Џон Болтон, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, ги искористил денешните средби со руски претставници да се пожали поради кинеската политика на економски и воен план, објавија руските медиуми.

Болтон подоцна во текот на денот треба да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин, а на состанокот се очекува да го објасни потегот на Трамп за напуштање на Договорот за уништување ракети со краток и среден дострел, кој е потпишан во 1987 година.

Според руските медиуми, Трамп меѓу другото е загрижен поради тоа што Кина не е опфатена со тој договор и може слободно да развива и произведува балистички и крстосувачки ракети со среден дострел.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2018 18:46