Истражител на ОН за човековите права во Северна Кореја, Томас Охеа Кинтана изјави дека е загрижен бидејќи никој не разговара со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за човековите права.

Кинтана истакна дека ужасната состојба со човековите права во Северна Кореја не е сменета од минатата година, и покрај напредокот во обидите да се постигне мир на Корејскиот Полуостров по самитот на Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој обрна внимание на наодите од истражната комисија на ОН од 2014 година, во кои се наведува дека во Северна Кореја можеби се извршени злосторства против човештвото и констатирано е постоење на „систематско кршење на правата“.

Кинтана го повика Пјонгјанг да „покаже посветеност кон човековите права“ и да му биде дозволено да дојде во Северна Кореја и да разговара со државниот врв.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2018 09:33