Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа, иако сметаат дека Русија го прекршува Договорот за контрола на оружјето.

– Земјите од Северноатлантскиот сојуз не ја разгледуваат можноста да распоредат нови нуклеарни ракети во Европа како одговор на зголемениот ракетен потенцијал на Русија, истакна Столтенберг.

Тој истакна дека „сите земји членки на НАТО го сметаат Договорот за контрола на ракетите со среден и мал дострел за многу важен и дека е многу веројатно Русија да го нарушува“.

– Ние исто така сме убедени дека САД ги почитуваат клаузулите од овој Договор, а една земја не е доволно за да има ефект договорот, истакна Столтенберг.

Претходно, САД објавија дека ќе се повлечат од овој билатерален Договор за контрола на оружјето со Русија, бидејќи Москва не го почитува.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2018 12:51