[photo]
Економската активност во еврозоната се зголеми во октомври со најбавно темпо во повеќе од две години, а очекувањата на компаниите сигнализираат дека трендот на забавување може да продолжи и во наредните месеци, соопшти лондонската фирма Маркит.
Индексот на менаџери за набавка (ПМИ) во приватниот сектор на еврозоната во октомври падна на 52,7 поени, што е најниска вредност од септември 2016 година, проценето е во лондонската компанија за собирање и обработка на податоци. Во септември ПМИ беше 54,1 поени.
– Забавувањето (на активности) се предводени од падот на извозот, кој голем број испитаници опфатени со истражувањето, го поврзуваат со трговските војни и царини, нагласува главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон. Трговските тензии, по се изгледа, го придушија расположението во глобалната економија, зголемувајќи ја несклоноста кон ризик, додава Вилијамсон