Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Царинската управа на Република Македонија го промовира концептот на овластен економски оператор (OEO). На пресконференцијата беше истакнато дека статусот на OEO е меѓународно признаена марка за квалитет која укажува на тоа дека економските оператори од Македонија како производители, извозници и увозници, шпедитери и транспортери во меѓународниот ланец на снабдување се безбедни и сигурни, а нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени.
Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, истакна дека првите компании веќе аплицираа и се во процедура на имплементирање на неопходните правила за добивање на статус ОЕО, што значи поволност за компаниите како на македонското царинско подрачје, така и во царинското подрачје од земјите на ЦЕФТА регионот, односно овозможува приоритетен третман при извршување на царинските контроли со значително олеснети процедури.