Државите од ЕУ имаат одговорност да ја оценат својата политика за извоз на оружје. Тоа денеска го изјави портпарол на ЕК, како одговор на прашањето дали комисијата ќе го поддржи инсистирањето на Европскиот парламент за воведување на енбарго за оружје на Саудиска Арабија.
ЕК во иднина ќе дејствува во зависност од идните чекори на истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги, додаде портпаролот.
Според него, досега неколкупати на ниво на ЕУ бил дискутиран односот кон Ријад по убиството на Кашоги на 2 октомври во саудискиот конузлат во Истанбул.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини соопшти синоќа пред Европскиот парламент во Стразбур, дека ЕУ ги усогласува активностите по тој случај со државите од Г-7(Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД).
Могерини забележа дека ЕУ веќе повика на транспарентна и темелна истрага од саудиските власти. Таа наведе дека се подготвува нов усогласен став на ЕУ и Г-7.