Собранието денеска во рамки на продолжението на 60. седница го усвои Предлог-законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминатна сопственост на државата, во скратена постапка, предложен од група пратеници.

Пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ, која е еден од предлагачите во образложението на законското решение напомена дека ова е закон со кој се регулураат правата на стечајните работници.

Потсети дека ова прашање со законско решение е направено обид да се реши во 2007 година, предложено од СДСМ, но тогаш било одбиено, за потоа во 2008 година да биде донесен закон како предизборно ветување, со што беше усвоен првиот закон за стечајците, со кој 2.481 се стекнале со право на материјален надомест. Таа напомена дека и вториот обид за зголемување на опфатот на стечајните работници во 2013, повторно инициран од СДСМ бил одбиен од ВМРО-ДПМНЕ, за потоа, како што посочи, во 2014 година предизборно да биде донесена измена на првичниот закон, со што на право на материјален надомест се стекнаа дополнителни 1.673 граѓани.

По доаѓањето на власт на сегашната Влада, во септември 2017 година беше усвоен закон за материјално обезбедсување на невработените лица кои останале без работа во претпријатија со доминатна државна сопственост. Во текот на имплементацијата на ова законско решение 2.723 работници оствариле право на стечај, но било констатирано дека усвоеното законско решение има недостатоци.

-Оттука во февруари се пристапи кон дополнување на законот со цел да се прошири опфатот на работниците стечајци кои ќе можат да го остварат ова право. Збирно со овие две измени заклучно со 21 август 6.498 стечајни работници во период од нецела година оствариле право на материјален надоместопк, рече Шахпаска, но додаде дека се уште има голем број стечајни работници кои не можат да го остарат ова право, поради што Министерството за труд и социјална политика подготвило законско решение за измена, кое ги поминало сите процедури, но не беше изгласано поради референдумот.

-Поради тоа ние како пратеници подготвивме нов закон, според кој невработени лица кои имаат право на материјален надомест се следните – лица кои биле најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна државна сопственост, што се поврзува од М1 и М2 образци, лица на кои работниот однос им престанал врз основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок во претпријатието со доминантна сопстеност на државата, кои се приватизирале но задржале својот единствен матичен број согласно со закон, лица кои на денот на поднесување на барањето имаат 52 години за жени и 55 години за мажи, лица на кои работниот однос им завршил до 30 јуни 2017 и лица кои оствариле право на паричен надомест од 1 јануари 1995 година. Се отстранува условот за лица кои по стекнување на право за материјален надомест биле вработени на неопределено време, а работниот однос им престанал или по одлука на работодавецот или по нивна одлука и вина, за да не бидат пречка стечајните работници да го остварат правото за материјален надомест, појасни таа.

Нагласи дека законот ќе важи до 31 декември оваа година. Граѓаните дотогаш може да поднесуваат барања и на тој начин за секој стечаен работник се предвидуваат 8.953 денари, за што од буџетот се предвидени околу 171 милион денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2018 17:57