Шпанските официјални лица денеска соопштија дека уапсиле најмалку 15 луѓе и заплениле повеќе од пет тони кокаин, сокриен во товар со банани
Во акцијата, која е се уште во тек во јужниот град Малага, учествуваат припадници на Цивилната гарда и националната полиција, изјави неименувано официјално лице.
Десетина полициски автомобили се наоѓаат во индустрискиот парк во Малага каде се одвива акцијата на апсење, наведуваат очевидци за локалниот весник „Диарио Сур“.