Чешкиот претседател Милош Земан ги навреди новинарите со непријатна шега во врска со саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој е убиен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.
- Ги сакам новинарите и можеби ќе ги повикам на вечера во саудискиот Конзулат, рече Земан.
Не е првпат тој да упати навредливи изјави кон новинарите. Во една прилика, на состанок со рускиот претседател Владимир Путин се пошегува дека има премногу присутни новинари и дека треба „да се ликвидираат“.