Европска унија ќе биде комплетна дури кога државите од Западен Балкан ќе бидат членки на Унијата, изјави денеска австирскиот канцелар Себастијан Курц на Конференцијата „Балканот и ЕУ – Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будва.

Тој наведе дека интеграцијата функционира единствено преку соработка во политиката и економијата.

– Долгорочна стабилност и безбедност за регионот и за ЕУ можат да бидат обезбедени само ако овој регион биде дел од Унијата… тоа не се соништа, туку сме на добар пат, посочи Курц.

Тој додаде дека мигрантската криза покажа дека Балканот одлучува за цела ЕУ.

– ЕУ перспективата за Западен Балкан изгледа подобро од кога било… Земјите од регионот се на добар пат кон ЕУ, истакна Курц.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 12:40