Полската изборна комисија денеска соопшти дека владејачката партија Право и правда освоила 254 места во регионалните совети на локалните избори кои беа одржани минатиот викенд, а опозициската коалиција освоила 194 места.

Официјалните резултати кои без објавени денеска, покажуваат дека Право и правда, која победи на националните избори во 2015 година, сè уште е најпопуларна партија во земјата и покрај несогласувањата со Европската унија.

Проевропската опозициска коалиција составена од Граѓанската платформа и Модерната партија доби поголема поддршка во градовите.

Таа во првиот изборен круг освои градоначалнички места во Варшава и уште неколку градови.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 13:32