Украинскиот режисер, Олег Сенцов, кој е осуден на 20 години затвор во Русија, е добитник на овогодинешната „Награда Сахаров“ на Европскиот Парламент.

Сенцов во 2015 година е осуден за тероризам. Тој е еден од најгласните критичари на нелегалната анексија на Крим од страна на Русија. Сенцов 145 денови штрајкуваше со глад.

Украинскиот режисер ќе добие и 50.000 евра за неговиот придонес во борбата за човекови права.

За „Наградата Сахаров“ годинава беа номинирани организациите кои ги спасуваат мигрантите на море и мароканскиот активист, Насер Зефзафи.

Награда Сахаров ја доделува ЕП секоја година на најзаслужното лице или организација во областа на заштита на човековите права и слободата на изразување. Наградата е наречена по рускиот научник и дисидент Андреј Сахаров.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 16:21