Супертајфунот Јута, најсилната бура што оваа година погоди дел од САД, премина преку Северните Маријански Острови и предизвика големи штети.

Локалното население се соочува со недостиг на електрична енергија и вода.

– Јута ја погоди најзападната американска територија на Пацифичкиот Океан и зад себе остави таков пустош „како да имало војна“, изјави претставникот на локалните власти Грегорио Килили Камачо Саблан.

Тој додаде дека има и повредени, но не може да даде прецизни податоци за нивниот број.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 16:31