Шпанската полиција заплени повеќе од 6,3 тони кокаин и уапси 16 припадници на криминална група, која се занимавала со трговија на наркотици.

Полицијата наведе во соопштението дека бандата, како параван за своите операции користела една компанија, која увезувала овошје од Костарика.

Кокаинот бил сокриен во пратка со банани, која стигнала во португалското пристаниште Сетубал, од каде со камион е пренесен во Шпанија.

Во истрагата учествуваа и истражители од американската внатрешна безбедност и португалски детективи.

Полицијата, исто така, во акцијата која е спроведена вчера во Малага, заплени оружје и 300.000 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 17:09