Убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул било планирано, соопшти денеска главниот обвинител на Саудиска Арабија, шеик Сауд ал Муаџиб.

– Осомничените за случајот Кашоги дејствувале со предумисла, изјави Ал Муаџиб. Тој, исто така, посочи дека Обвинителството добило податоци поднесени од заедничката саудиско-турска истражна група.

-Истрагата ќе продолжи, рече главниот обвинител на Саудиска Арабија.

Вкупно 18 осомничени, сите Саудијци, беа успаени во Саудиска Арабија, а четворица високо позиционирани членови на разузнавањето и советник на престолонаследникот Мухамед бин Салман беа разрешени.

Саудиското обвинителство ги испитува осомничените врз основа на информациите обезбедени од заедничкиот истражен тим.

По изјавата на главниот јавен обвинител, саудиските медиуми објавија дека престолонаследникот претседавал со денешната прва комисија за реструктуирање на разузнавачките служби.

Директорката на ЦИА, Џина Хасп, која оваа недела беше во посета на Истанбул, беше запозната со аудио-снимка за убиството на Кашоги, што е прв знак дека Анкара споделува информации, соопштија два извора.

-Споделуваме со тие кои сакаа дополнителни информации, некои од нашите информации и наоди кои обвинителот ни дозволи да ги споделиме, рече турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Тој, исто така, рече дека Турција нема намера случајот да го даде на меѓународен суд, но ќе сподели информации доколку се покрене меѓународна истрага.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 17:18