Романскиот Уставен суд ги отфрли серијата измени во Кривичниот законик, усвоени од страна на владејачките социјалдемократи, а критикувани од страна на Европската унија, дипломати и судии.

Измените се дел од правосудните и персоналните промени што социјалдемократите ги спроведуваат откако ја презедоа власта пред две години. Критичарите оценуваат дека измените се закана за независноста на судството и оти би можеле уште повеќе да ја зајакнат загриженоста на ЕУ за демократските вредности во таа земја..

Претходно и Врховниот суд ги отфрли неколкуте измени на Кривичниот законик, но детали за таа одлука ќе бидат објавени подоцна. Судот претходно овој месец веќе отфрли 70 отсто од промените на кривичните постапки што би го отежнале товарот на докажување. Двете измени се враќаат на парламентарната дебата.

Транспаренси Интернешнл ја смета Романија за најкорумпирана земја во ЕУ, а Брисел нејзиниот правосуден систем го чува под посебен надзор од пристапување во Унијата во 2007 година.

ЕУ веќе работи на санкции против Унгарија и Полска поради поткопување на владеењето на правото, а локалните медиуми наведуваат дека е можно Романија да биде следна.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 19:33