Бетис го шокираше Милан и го победи со 2:1 среде „Сан Сиро“ во натпревар од групата „Ф“ на Лига Европа и го зголеми притисокот врз тренерот на „росонерите“ Џенаро Гатузо.

Шпанците не му ја олеснија задачата на Италијанецот и со головите на крајот на првото на Антонио Санабрија и во почетокот на второто на Џовани Ло Селзо остварија добра предност. На крајот, Патрик Кутроне постигна гол за домаќините..

Во другиот натпревар од групата, Олимпијакос победи со 2:0 како гостин на Дуделанж и ја искомплицира битката за првите две места. Бетис е на првото место на табелата со 7 поени од два натпревари, Милан има 1 помалку. Олимпијакос е 4, а тимот од Луксембург се уште е без бод. Лига Европа, 3.коло, резултати од 18:55 часот:

Група А

АEK Ларнака – Лудогорец 1 – 1

Цирих – Баер Леверкузен 3 – 2

Група Б

РБ Лајпциг – Селтик 2 – 0

Салцбург – Розенборг 3 – 0

Група Ц

ФК Копенхаген – Славија Прага 0 – 1

Зенит – Бордо 2 – 1

Група Д

Андерлехт – Фенербахче 2 – 2

Спартак Трнава – Динамо Загреб 1 – 2

Група Е

Карабак – Ворскла 0 – 1

Спортинг Лисабон – Арсенал 0 – 1

Група Ф

Милан – Бетис 1 – 2

Дуделанж – Олимпијакос 0 – 2.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 22:23