Шестмина фудбалери на италијанскиот гигант Интер го продолжија својот престој во клубот, соопштија „нероазурите“.

Договорите со 18-кратниот шампион на Италија ги продолжија Матијас Весино, Марсело Брозовиќ, Антонио Кандрева, Далберт, Роберто Гаљардини и Жоао Миранда.

Брозовиќ и Весино ќе останат на „Џузепе Меаца“ до летото 2022., а Кандрева до јуни 2021 година.

Далберт и Роберто Гаљардини ги ставија своите потписи на договори до летото 2023 година, а бразилскиот дефанзивец Жоао Миранда ќе остане во Милано до јуни 2020.

Преговорите за обновување на договорите меѓу Милан Скрињар и Мауро Икарди се во тек.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 22:30