Најмалку 17 лица загинаа, а 34 се повредени во поплавите што погодија јордански град во близина на Мртвото Море, јави ДПА.

Меѓу загинатите се најмалку 16 деца на училишна возраст, кои биле дел од група од околу 40 деца, кои заедно со наставниците биле на излет во таа област.

Службата за цивилна одбрана соопшти дека допсега се пронајдени 17 тела, а спасувачката операција продолжува. Во акцијата се вклучени и хеликоптери.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 22:38