Капиталните инвестиции треба среднорочно да се планираат, вели економскиот аналитичар Благица Петрески од „Фајненс Тинк“. Според неа, фактот што секоја година се реализираат само дел од планираните капитални инвестиции, тоа значи дека мора да се одредат приоритети.
-На тој начин ќе се избегне буџетирањето на преоптимистички инвестиции, а неопходно е и да се зајакнат капацитетите на реализација. Среднорочното планирање подразбира дека, на пример, оваа година треба да ги планираме капиталните инвестиции за следните две – три, па кога ќе има промена на власта се да оди помазно. Мора да се знае во колку фази ќе се гради еден пат, на пример, и што ќе треба да се направи во секоја фаза, рече Петрески во вечерашното издание на емисијата „Отворено на Алфа“.
За да се подобри крвната слика на македонската економија, според Петрески е важно да постои и да се почитува владеењето на правото. Во спротивно, од тоа ќе зависи конкурентноста на земјава на светскиот и европскиот пазар.