Фондот за иновации и технолошки развој организира Креативна работилница за младинско творештво на која ученици од неколку средни училишта од Македонија ќе претстават свои иновативни проекти.

Работилницата, што ќе се одржи во рамки на манифестацијата Макинова, се организира во рамки на иницијативата #Петок за млади @ФИТР, со цел да се поттикнат креативните вештини и иновативноста кај младите.

Целта на работилницата е учениците да разменат практични искуства што ќе ги поттикнат да работат на нови иновативни проекти, надвор од училниците, преку интеракција и дружење.

ФИТР се приклучува на хуманитарната акција за лекувањето на Сара Настеска од Охрид. На штандот на ФИТР е поставена кутија за донации. Собраните финансиски средства од страна на хуманите граѓани до завршувањето на Саемот на 28.10 ќе бидат донирани за Сара заедно со досега собраните финансиски средства од страна на вработените во Фондот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 09:43