Менаџментот на Барселона доби изненадувачка понуда за преименување на својот стадион. Медиумскиот гигант „Медијапро“ понуди сума од 300 милиони евра за да ги добие правата на името „Камп Ноу“ во следните 20 години.

Но, шефовите на Каталонците ја отфрлија привлечната понуда, иако имаа неколку состаноци со претставници на компаниите. На последниот од нив присуствувал лично претседател на клубот, Пеп Бартомеу.

На крајот, одлучувачкото за одбивањето на Барса се покажал релативно малиот услов. Бартомеу побарал од медиумскиот гигант да ги повлече своите обвиненија за индустриска шпионажа против поранешниот претседател на клубот, Сандро Росел.

Така преговорите што се одржуваа од летото минатата година завршија без успех, а „Камп Ноу“ ќе продолжи да го носи своето автентично име.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 09:53