Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека поради отежнато поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци на 24 и 25 октомври годинава, рокот за поднесување ДДВ-04 пријавата се продолжува.

Според УЈП, поднесувањето на ДДВ-пријавата се продолжува за два работни дена поради што за краен рок ќе се смета 29.10.2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 11:16