Значително е подобрена конкурентноста на македонските слободни зони на глобално ниво како директен резултат на новиот Закон за финансиска подршка на инвестициите, како и спроведените подобрувања на Законот за технолошки индустриски развојни зони преку кои Република Македонија го нуди најатрактивниот пакет поволности во регионот и пошироко за сите заинтересирани странски и домашни инвеститори, оценуваат од Дирекцијата за техолошко- индустриски развојни зони (ТИРЗ).

-Врз основа на извршените анализи за извоз на компаниите кои оперираат во Технолошко-индустриските развојни зони и порастот од 20 отсто за првите девет месеци од 2018 година во споредба со истиот период лани, како и врз основа на 16 новоотпочнати инвестициски проекти првите девет месеци од 2018 година претставуваат најуспешен период во работењето од нашето основање, констатира Дирекцијата за ТИРЗ.

Нагласуваат дека се во финална фаза на преговори со поголем број на мултинационални компании со кои очекуваат и потпишување на договори за реализација на нивните инвестициски проекти во наредниот период со што, кака што потенцираат, билансот на успех дополнително ќе се зголеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 15:21