Ирските гласачи денеска ќе гласаат за претседател, но и на референдум за декриминализација на богохулството.
Реизборот на претседателот Мајкл Д. Хигинс за втор седумгодишен мандат е речиси сигурен, оценува ДПА.
Хигинс (77), ветеран од Лабуристичката партиј, кој се кандидира како независен кандидат, се соочува со петмина ривали, но анкетите предвидуваат дека ќе освои околу две третини од гласовите.
Референдумот за декриминализација на богохулењето, со отстранување на член од ирскиот Устав, се одржува заедно со претседателските избори.
Анкетите покажуваат дека мнозинството ќе гласа за декриминализација, откако ирската Католичка црква излезе со став дека упатувањето на богохулењето во Уставот е „во голема мера застарено”.
Локалните медиуми известуваат за слаб одзив, откако до 10 часот излезноста беше околу пет отсто.