Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадес и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи денеска ќе имаат средба првпат по шест месеци.
Лидерите на грчката и турската заедница на Кипар ќе се сретнат во тампон зоната што ја контролираат Обединетите нации.
Анастасијадес пред состанокот изјави дека сака да го подготви теренот за продолжување на преговорите на двете заедници на поделениот остров.
Двајцата лидери повторно ќе се сретнат следната недела со претставничката на ОН, Џејн Хол Лут.
Преговорите на високо ниво во Швајцарија пред 16 месеци за повторно обединување на Кипар завршија без договор.