Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека предлогот на ЕУ за создавање кампови за мигранти во Северна Африка веќе не се на дневен ред.

-Тоа веќе не е на дневен ред и воопшто не требаше и да биде, изјави тој на денешната заедничка прес- конференција со тунискиот премиер Јусеф Шахед во Тунис.

Меѓу државите- членки на ЕУ има различни ставови околу тоа како Унијата да се справи со илјадниците мигранти, кои секоја година пристигнуваат во Европа, најголем дел преку море од Северна Африка и од Турција.

На самитот на ЕУ во јуни, на Комисијата и беше наложено да ги истражи начините за одвојување на северноафриканските земји, вклучително и Тунис, на „регионални излезни платформи” за мигранти спасени од европските бродови во Медитеранот.

Меѓутоа, во Африка немаше особена желба за тоа, а претставниците на ЕК веќе долго време ја оспоруваа законитоста и практичноста на таквите кампови, како што беше истакнато и од Јункер на денешната прес – конференција во Тунис.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 19:01