Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти денеска дека открила ќелија на терористичката организација Исламска држава (ИД), која планирала да изврши големи терористички напади во Москва.

-Шест членови на тајна ќелија, која е поврзана со меѓународната терористичка организација Исламска држава, се уапсени во московски регион. Со ќелијата управувале претставници со седиште во Сирија, а со потекло од Централна Азија, се вели во соопштението на Федерална служба за безбедност .

Од ФСБ информираат дека притворените планирале да извршат големи терористички напади во Москва, „користејќи огнено оружје и импровизирани експлозивни направи.

-За време на претресот им беше запленето автоматско оружје, како и пари, технологија за комуницирање, извештаи за процесот на подготовка на терористички напади и прирачник за составување експлозивни направи, наведуваат од ФСБ.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 19:06