Израелските сили денеска отворија оган кон Палестинците кои протестираа на границата на Газа, при што четири лица загинаа,, а повредени се најмалку 50, информираат палестински медицински извори.

Израелската армија, пак, соопшти дека одговорила на воздушните напади од три позиции кои им припаѓаат на Хамас, исламистичка група која управува со Појасот Газа.

Во соопштението се вели дека долж границата на Газа се собрале околу 16.000 Палестинци кои фрлале гранати, молотови коктели и камења кон израелските војници, кои одговориле кога тоа било потребно.

Според палестинското Министерство за здравство од почетокот на протестите во март израелските сили убиле 212 жители на Газа.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 23:41