Американската армија соопшти дека успешно тестира ракетен одбранбен систем, за кој експертите тврдат дека претставува пресвртница и докажува дека САД ги зајакнува капацитетите за соборување на ракети со среден дострел.

Системот „Егис“ користен во најновиот тест е опремен со стандардна пресретнувачка ракета која е развиена од компаниите „Рејтеон Цо“ и јапонската „Мицубиши хеви индустри Лтд“.

Успешното тестирање на системот придонесува во скоро време да се почне со производство ракетен одбранбен систем.

Директорот на Агенцијата за ракетна одбрана генерал-полковник Сем Гарвис истакна дека тестот претставува „исклучително достигнување и клучна пресвртница“.

Експертите истакнуваат дека тестот овозможува да продолжат плановите за евентуално распоредување на системот во Полска. Плановите на САД да распоредат ракетна одбрана во Полска е со цел да се спречи евентуален напад од Иран, но тоа предизвика вознемиреност во Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека доколку САД излезат од Договорот за нуклеарните сили со среден дострел (ИНФ), ќе мора да одговорат на силичен начин и дека европските држави „мора да разберат“ дека ризикуваат да бидат мета на контранапад, доколку се согласат на своја територија да се постават американски ракети со среден дострел.

Тестот за пресретнување на ракетата беше изведен од бродот „УСС Џон Фин“ во Пацификот, а ракетата која беше мета беше лансирана од локација на Хаваи.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2018 10:45