Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нијето планира да им понуди на мигрантите привремени идентификациски документи и можност за вработување, како и образование за нивните деца додека се во јужно Мексико, но под услов да се регистрираат.

Во исто време, мексиканските власти запреа помали групи мигранти кои се обидуваат да го стигнат мигрантскиот караван, кој се движи кон север.

Мексиканската полиција синоќа приведе група од 300 мигранти кои илегално ја преминале границата помеѓу Мексико и Гватемала и се движеа долж автопатот кон градот Тапачули. Тие ќе бидат испратени во имиграциските центри.

Мигрантите речиси секојдневно ја поминуваат мексиканската граница преку кријумчарските рути или со автобуси и камиони во текот на ноќта.

Но, приведената група мигранти патувала дење, не криејќи се, што укажува дека караванот со мигранти е доволно голем и се движи без страв од апсење.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2018 11:18