Најмалку пет луѓе загинаа, а 15 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во авганистанската провинција Вардак.

Нападот се случи во главниот град на Вардак, Мајдан Шару, околу 35 километри југозападно од Кабул. Бомбашот самоубиец го активирал експлозивот пред полициска станица.

Меѓу загинатите има и тројца цивили и двајца полицајци. Се стравува дека бројот на жртвите можно е да порасне, бидејќи има затрупани лица под урнатините на зградата.

За сега никој не презеде одговорност за нападот, но последните години талибанците напаѓаат владини објркти и институции.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2018 11:24