Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека САД се изолирани од страна на нивните традиционални сојузници во судирите со Иран, истакнувајќи дека дури и Европа застанала покрај Техеран против повторно воведување на американски санкции.
– Не се случува често САД да донесат одлука и нивните традиционални сојузници да ја отфрлат, нагласи Рохани.
Посочи оти пред едно година никој не би верувал дека Европа ќе застане на страната на Иран, односно против САД.
– Русија, Кина, Индија и Европската Унија и некои африкански и латиноамерикански земји се наши пријатели. Мораме да соработуваме со нив и да привлечеме инвестиции, заклучи иранскиот претседател.