Во хотел „Континентал“ денеска ќе се одржи деветиот по ред настан „Стипендии ЕКСПО – Study Abroad 2018“, кој е единствен од ваков вид во Македонија, и нуди уникатна можност на едно место да се презентираат голем број можности за студии во странство и стипендирање од страна на универзитетите.
Годинава ќе учествуваат над 30-на институции со свои штандови, на кои посетителите ќе имаат можност да се запознаат со претставници од многу приватни и државни универзитети и да одберат од понудените студиски програми, стипендии и други форми финансиска помош што им се достапни на македонските граѓани за студирање во странство.