Специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан де Мистура го оквалификува како конструктивен дијалогот на мултилатералната средба на врвот за Сирија во Истанбул.
– Спроведовме корисна, конструктивна и интензивна дискусија со лидерите на Русија, Германија, Франција и Турција, наведе Де Мистура, истакнувајќи дека средбата е многу важна.
Во Истанбул денеска се одржува мултилатерален Самит каде се зборува за ситуацијата во Сирија. Учествуваат рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.