Ференцварош го декласираше Диожѓер со 4:1, а стрелец на еден гол е и нашиот репрезентативец

Стефан Спировски го постигна вториот гол сезонава за Ференцварош, а популарниот Фради со 4:1 го декласира Диожѓер и се зацврсти на врвот на табелата.

Даниел Боде постигна хет-трик , а меѓу неговите три погодоци и Спировски успеа да погоди во 39. минута.

По 12 кола Ференцварош е лидер со 27 бодови, пред Хонвед со 23.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2018 19:29