Вооружен маж денеска отвори оган во синагога во Питсбург, Пенсилванија. Најмалку осум лица се убиени, а шестмина се повредени, јави „Си-Би-Ес“.

Напаѓачот се предал и е приведен. Извор за „Си-Би-Ес“ навел дека напаѓачот е идентификуван како Роберт Бауерс (48).

При престрелка со напаѓачот повредени се четворица полицајци. Официјални претставници наведоа дека тие се надвор од животна опасност.

Напаѓачот пукал во синагогата „Дрво на животот“ и извикувал „сите Евреи мора да умрат“, посочиле полициски извори за „Си-Би-Ес“, наведувајќи дека тој веројатно бил вооружен со „АК 47“ и два пиштоли, како и дека се забарикадирал во една од просторииите на синагогата.

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека секој што ќе изврши слично дело треба да биде казнет со смртна казна.

Гувернерот на Питсбург Том Волф го оквалификува нападот како „апсолутна трагедија“.

Локалната полиција соопшти дека добила повици од луѓе кои биле забарикадирани во зградата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2018 10:27