Во германската сојузна држава Хесен денеска се одржуваат избори за локалниот Парламент.
На изборите ќе може да гласаат околу 4,4 милиони граѓани од вкупно 6,3 милиони жители, а според анкетата, за гласачите најважни теми се образованието, мигрантската криза и стабеното прашање.
Според испитувањето на јавното мислење можен е сличен исход како на неодамнешните избори во Баварија, каде најголеми добитници беа Зелените и екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).
На изборите учествуваат 23 партии, но се очекува само шест да го поминат изборниот праг од пет проценти и да влезат во Парламентот.
Анкетата на берлинската агенција за испитување на јавното мислење „Сивеј“ покажува дека конзервативците од Христијанско-демкратската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел во Есен би можеле да освојат 27 отсто од гласовите, додека нивниот коалициски партнер на сојузно ниво, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) ќе добие 22 проценти.
Според анкетата Зелените би можеле да освојат еден отсто повеќе гласови отколку во Баварија односно да добијат 18,5 отсто од гласовите, АфД – 13 проценти, Левица – осум, а либералите од Слободна демократска партија (ФДП) – 7,5 отсто.