Москва сака деловни и нормални односи со САД со обострано почитување и повеќепати даде предлог како да се изгради дијалог со Вашингтон, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во интервјуто за „Русија 1 ТВ“ наведе дека Москва не форсира пријателство со Вашингтон.

– Русија е подготвена да разговара со САД за кој било проблем во билатералните односи и да ги решава меѓународните проблеми. Тие знаат на што се сме подготвени. Доколку постои област за што Американците се подготвени да разговараат на еднакво ниво со почит, отворени сме за тоа, нагласи Лавров.

Зборувајќи за нуклеарниот договор од што САД најавија повлекување, Лавров информираше дека Москва почнала да подготвува одговори поврзани со пактот за контрола на вооружувањето.

– Неколку денови пред САД да најават дека ќе се повлечат од нуклеарниот договор, Американците преку Амбасадата во Москва испратија во руското Министерство за надворешни работи голема листа на прашања околу тоа што ги загрижува, истакна рускиот министер за надворешни работи.

Американсиот претседател Доналд Трамп на 20 октомври наведе дека Вашингтон планира да се повлече од нуклеарниот договор со Русија, кој во 1987 година го потпишаа тогашните претседатели на Русија и САД, Михаил Горбачов и Роналд Реган.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2018 14:33