Ерменија нема намера да купува американско оружје бидејќи нема потреба од тоа, изјави денеска ерменскиот министер за одбрана Давид Тонојан, по состанокот со националниот советник за безбедност на САД Џон Болтон.

– Не зборувавме за купување на американско оружје, наведе Тонојан.

Ерменскиот премиер Никол Пашињан претходно изјави дека е можно да биде разгледано прашањето за купување на американско оружје доколку се добие „атрактивна понуда од американската страна“.

Болтон пред неколку денови изјави дека американското оружје е поквалитетно од руското.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2018 16:33