Првиот обид на приватната кинеска компанија „Лендскејп“ да лансира ракета во вселената не успеа.

– Ракетата „Зи-кју-1“ (ZQ-1) нормално функционираше во првата и втората етапа на летот, но имаше проблеми во третата конечна етапа на летот, соопшти „Лендскејп“.

Според кинеските медиуми ракетата транспортирала сателит за кинеската државна телевизија ЦЦТВ.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2018 22:40